По повеќе од три години е комплетиран Уставниот суд во Црна Гора, откако е избран и седмиот судија. Пратениците со 56 гласа „за“ и 21 воздржан го избраа судијата Фарук Расулбеговиќ. Во Парламентот на Црна Гора има 81 пратеник.
Со изборот на Расулбеговиќ заврши процесот на избор на судии на Уставниот суд, кој започна во 2020 година.
Уставната криза ескалираше во втората половина на минатата година кога Уставниот суд имаше само тројца од седум судии, поради што практично беше блокиран.
Загрозени беа одлуките за речиси 3.000 уставни жалби за заштита на човековите права, колку што чекаа пред Уставниот суд.
Видете и ова: По половина година блокада, избрани нови судии во Уставниот суд на Црна ГораВо тој период Европската унија и Соединетите Американски Држави најостро предупредуваа дека процесот на пристапување на Црна Гора во ЕУ ќе биде стопиран. Дури во февруари годинава Собранието на Црна Гора избра тројца судии со што се деблокира работата.
Во последниот Извештај за напредокот, Европската комисија објави дека во Црна Гора не е постигнат напредок во судските реформи, дека правосудниот систем продолжува да се соочува со длабока институционална криза, поради што е забележан ограничен напредок во борбата против корупцијата.