Бајден - „Многу блиску“ до ослободување на некои заложници што ги држи Хамас

Американскиот претседател Џо Бајден.

Американскиот претседател Џо Бајден.

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека договорот за ослободување на неколку од над 200-те заложници кои ги држел Хамас во Газа е „многу блиску“.

„Мојот тим е во регионот и се наоѓа меѓу големите градови. Сега сме многу блиску до враќањето на некои од овие заложници дома многу брзо. Но, не сакам да навлегувам во детали бидејќи ништо не е готово додека не е готово“, им рече Бајден на новинарите, пренесува Ројтерс.

„Кога ќе имаме повеќе да кажеме, ќе кажеме“, додаде тој.

Претходно и извор запознаен со разговорите за Ројтерс наведе дека договорот меѓу Израел и Хамас „е во завршна фаза“ и „е поблиску од кога било досега“. Договорот е со посредство на Катар, а се однесува на ослободување на заложниците и повеќедневна пауза во нападите.

Видете и ова: Нетанјаху - Постигнат е напредок во ослободувањето на заложниците

Потенцијалниот договор ќе овозможи ослободување на околу 50 заложници земени од Хамас, група означена како терористичка организација од Соединетите Држави и Европската Унија.

Покрај тоа, би било можно да се ослободат палестинските жени и деца од израелски притвор, изјави изворот за Ројтерс.

И израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е постигнат напредок во ослободувањето на заложниците.

„Ние напредуваме. Мислам дека не вреди да се говори премногу, дури и во овој момент, но се надевам дека наскоро ќе има добри вести“, пренесува Ројтерс.

Шефот на Хамас претходно изјави за Ројтерс дека екстремистичката група е блиску до договор за примирје со Израел, иако продолжи смртоносниот напад врз Газа и ракетниот напад врз Израел.