ОН - Бројот на цивилни жртви во Украина надмина 10 илјади

Спасувачите работат на страната на болницата која беше тешко оштетена од руски ракетен напад, во градот Селидове, регионот Доњецк, Украина, 21 ноември 2023 година.

Повеќе од 10.000 цивили се убиени во Украина од започнувањето на руската инвазија во февруари 2022 година.

Ова го соопшти Канцеларијата за човекови права на Обединтетите нации а 21 ноември.

Оттаму се додава дека околу половина од последните смртни случаи се случуваат далеку зад првите линии на фронтот.

Мисијата на ОН во Украина, која има десетици набљудувачи во земјата, рече дека работата за потврдување на бројот на загинати е во тек.

Видете и ова: Мишел во Киев на одбележување на десетгодишнина од протестите на Мајден

Очекувањата се реалниот биланс да биде „значително поголем“ од официјалниот биланс, наведува мисијата на ОН во Украина.

Работата за потврдување вклучува настани кои се случија во првите месеци по инвазијата.

Меѓу нив е и битката за контрола на Мариупол, каде што жителите пријавиле големи цивилни жртви.