Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во вторник попладне пристигнува во дводневна посета на Скопје, во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан.
Официјалната посета, како што е најавено, Столтенберг ќе ја започне во Владата проследена со заедничка прес-конференција со неговиот домаќин, премиерот Димитар Ковачевски. Генералниот секретар на НАТО, попладне ќе се обрати и пред пратениците во Собранието, во рамки на 132-та седница, по што ќе биде примен од Претседателот Стево Пендаровски во неговиот Кабинет.
Видете и ова: По Сараево и Приштина, шефот на НАТО пристигна во БелградВ среда (22 ноември) во Скопје ќе се одржи неформалниот лидерски состанок на НАТО сојузниците од регионот.
Столтенберг и Ковачевски, како што е најавено, ќе ги пречекаат поканетите лидери од Република Албанија, премиерот Еди Рама, хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, црногорскиот премиер Милојко Спајиќ и српскиот премиер Роберт Голоб.
Видете и ова: Столтенберг од Сараево: Загрижени сме поради сецесионистичката реторика и руското влијаниеТурнејата низ регионот Столтенберг ја започне од Босна и Херцеговина во неделата, по што замина во посета на Косово. Денеска Столтенберг престојува во Србија, од каде попаладне ќе допатува во Скопје, како последна етапа од неговата турнеја низ земјите од Западниот Балкан.
Од МВР информираат дека денеска и утре, поради пристигнувањето на поголем број на странски делегации, ќе има посебен сообраќаен режим на поширокото градско подрачје во Скопје. За таа цел Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците.