Словачка ја продолжи контролата на границата со Унгарија

илустрација

Словачката влада денеска ја продолжи контролата на границата со Унгарија до 23 декември, во обид да спречи зголемен прилив на илегални мигранти.

Граничната контрола Словачка ја воведе на 5 октомври, по примерот на соседите Полска, Чешка и Австрија, кои ја зајакнаа контролата токму на нејзината граница, пишуваат британските медиуми.

Од воведувањето на оваа мерка, протокот на илегални мигранти е значително намален.

„Може да се заклучи дека контролите на меѓународните граници, заедно со слични мерки на соседните земји, имаат превентивен карактер“, наведуваат до словачкото МВР.

Видете и ова: Германија воведува привремена контрола кон границите со Полска, Чешка и Швајцарија

Словачкиот премиер Роберт Фицо најави заштита на границата од илегална миграција.

Минатиот месец и Полска и Чешка воведоа привремени проверки на границата со Словачка, а контролата на граничните премини ја заострија и Австрија и Германија.

Според официјалните податоци во Германија, во првите осум месеци од годинава во таа земја на Европската Унија пристигнале над 200 000 мигранти, што пак е повеќе отколку во текот на целата 2022 година.