Осомничениот за убиство на четири жени во Мемфис пронајден мртов

Илустрација

Осомничениот за убиството на четири лица во Тенеси во САД почина откако беше застрелан додека бегаше, соопшти полицијата, додавајќи дека се работи за семејно насилство.

Полицајците го пронајдоа Мејвис Кристијан Јуниор (52) во неговиот автомобил за време на претресот по пукањето на три локации во Мемфис, при што загинаа три жени и една тинејџерка, а уште една тинејџерка беше тешко ранета.

Службениците на полицискиот оддел во Мемфис реагираа на извештајот за пукање во саботата вечерта. Полицијата на местото на настанот пронашла жена со очигледна прострелна рана и констатирала смрт.

Видете и ова: Петмина убиени во пукање во Кентаки, напаѓачот неутрализиран

Инспекторите утврдиле дека имало уште две други фатални престрелки.
Жена и 13-годишно девојче загинаа, а 15-годишно девојче е тешко повредено во Филд Ларк Драјв. Друга жена е пронајдена застрелана до смрт на улицата Ворингтон, изјави полицаецот во Мемфис, Кристофер Вилијамс.

Полицијата имаше сознанија дека Кристијан е одговорен за сите три престрелки и започна потера во која беа вклучени локални, државни и федерални агенции за спроведување на законот.

Се верува дека зад пукањето стои случај на семејно насилство, соопшти полицијата.