Високиот претставник на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, изјави дека резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за хуманитарните паузи во Газа мора да се спроведе.
„Одлуките на Советот за безбедност не се само зборови. Тие мора да се спроведат“, рече Борел на заедничката прес-конференција со катарскиот премиер Шеик Мохамед Бин Абдулрахман ал Тани во Доха.
Советот за безбедност на ОН во средата ги остави настрана длабоките поделби околу конфликтот за да се договори за резолуција со која се повикува на „итна и продолжена хуманитарна пауза“ во борбите.
Видете и ова: Гранатирана канцеларијата на ОН во Газа, има загинати и повредени лицаРезолуцијата, усвоена благодарение на воздржаните од САД, Велика Британија и Русија, ги повика Хамас и Израел да ги заштитат цивилите, „особено децата“.
Во меѓувреме Министерството за здравство во Газа соопшти дека 30 предвремено родени бебиња се евакуирани од болницата Шифа и ќе бидат префрлени во болниците во Египет.
Медхат Абас, портпаролот на Министерството, рече дека тие биле евакуирани од болницата во неделата.
Тимот на Светската здравствена организација кој ја посети болницата Шифа во саботата рече дека 32 бебиња се меѓу десетиците критично болни пациенти кои останале во болницата, која од минатата недела е окупирана од израелските сили.