Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг доаѓа во посета на Северна Македонија на 21 и 22 ноември, соопшти Организација на Северноатлантскиот договор НАТО.
На 21 ноември Столтенберг ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Димитар Ковачевски и со претседателот на Собранието Талат Џафери, а истиот ден ќе одржи и говор во Собранието.
На 22 номеври Столтенберг ќе има заденичка прес-конференција со регионалните сојузнички лидери, се вели во соопштението на НАТО.
Посетата на Столтенберг на Северна Македонија ќе следува откако претходно тој ќе ги посети Босна и Херцеговина, Косово и Србија.
Видете и ова: Германија планира да ја дуплира воената помош за Украина по планот на канцеларот Шолц
На 19 ноември Столтенберг ќе отпатува за Босна и Херцеговина, каде ќе има работна вечера со членовите на Претседателството.
На 20 ноември, генералниот секретар на НАТО ќе се сретне со високиот претставник за БиХ, Кристијан Шмит, како и со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто. Потоа ќе го посети седиштето на НАТО во Сараево и ќе има средби со воени лидери и претставници на меѓународната заедница.
Истиот ден, во соопштението на НАТО е најавено дека Столтенберг ќе го продолжи патувањето за Косово, каде што ќе разговара со косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу и премиерот Албин Курти.
Видете и ова: Финска размислува да ја затвори границата со Русија
Тој, исто така, го посети и кампот на НАТО, КФОР, „Нотинг Хил“, каде што ќе се сретне со командантот на КФОР, генерал-мајор Улуташ, и ќе им се обрати на војниците.
Тој ќе се сретне и со директорот на Советодавниот и тим за врски на НАТО, бригадниот генерал Хамерштајн.
На 21 ноември, Столтенберг ќе престојува во Белград, каде ќе има средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и со српската премиерката Ана Брнабиќ.
Подоцна на 21 ноември Столтенберг ќе отпатува во Северна Македонија.