Долниот дом на рускиот парламент на 17 декември гласаше за нов федерален буџет за 2024 година со кој ќе се зголемат трошоците за одбрана.
„Руските пратеници изјавија дека буџетот за 2024-2026 година изготвен специјално за финансирање на армијата и за ублажување на влијанието на од 17 500 санкции против Русија“, изјави претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин.
„Успеавме да донесеме буџет кој не само што ќе ги одвои потребните средства за одбрана на нашата земја, туку ќе ги обезбеди и сите потребни средства за гарантирање на социјалните обврски на државата“, рече првиот потпретседател на Државната дума. Александар Жуков.
Видете и ова: Црвени знамиња: Враќање на советските симболи кај руската војскаБуџетот сега ќе биде проследен на одобрување до Горниот дом на рускиот парламент, пред да биде потпишан од претседателот Владимир Путин.
Нацрт-буџетот „се однесува на решавањето на војната во Украина и подготвеноста за постојан воен судир со Западот“, изјави Ричард Коноли, експерт за руската војска и економија во Кралскиот институт во Лондон, а пренесе агенцијата АП.
„Ова претставува сеопфатна ремилитаризација на руското општество“, рече Коноли.
Дел од буџетот на Русија е таен бидејќи Кремљ се обидува да ги скрие своите воени планови за војната во Украина.