Шест мигранти од Ирак биле откриени во камион при контрола од страна на мобилниот тим на Царинската управа на граничниот премин „Богородица“.
Мигрантите, како што информираат од Царинската управа, биле откриени во товарно моторно возило со грчки регистарски таблички управувано од грчки државјанин.
Со отворање на церадата во товарниот дел меѓу стоката која се превезувала се откриени шесте мигранти, при што истите се предадени на Министерството за внатрешни работи.
Видете и ова: Македонската полиција пресретна група од 77 мигранти и уапси седуммина Пакистанци
Стоката или вкупно 23 тона компот од праски, влекачот и полуприколката со вкупна вредност од 2,3 милиони денари привремено се одземени.
До Основниот суд во Гевгелија поднесени се и соодветни прекршочни постапки поради прекршување на член 267 и 269 од Царинскиот закон.