Судскиот совет ги избра Габриела Гајдова, Александра Ристевска, Весна Димишкова и Осман Шабани за судии од кривична област во Апелациониот суд Скопје.
Со тоа, Судскиот совет го екипираше Апелациониот суд Скопје со вкупно осум нови судии, откако претходно на денешната седница, избра и четворица судии од граѓанската област - судиите Александар Шопов, Ирена Костадинова Ангелова, Наталија Донева и Илир Сулејмани.
Ова е прв избор за второстепен суд спроведен врз основа на методологијата изработена согласно новиот закон за Судски совет.
Видете и ова: Агелер: Судскиот совет не ги исполни своите законски обврскиНа огласот за осум позиции во Апелациониот суд имало вкупно 45 кандидати, од кои 21 кандидат за четири судии за граѓанска област и 24 кандидати за четири судии од кривична област.
Претседателот на Судскиот совет, Сашко Георгиев, нагласи дека ова е прво оценување согласно новата методологија, појаснувајќи дека процесот е сочинет од два дела при што едниот дел го спроведува Судскиот совет по однос на постигнатите резултати како квантитет по број на решени и укинати предмети, а другиот го спроведуваат самите судови.
Долгиот временски перидот потребен на Судскиот совет за избор на судии во повисок суд беше посочен и во Извештајот на Европската комисија.