Обвинителството на Босна и Херцеговина добило поднесок од косовските институции во врска со истрагата за потеклото на оружјето запленето во Бањска.
На ова место на северот на Косово, на 24 септември вооружена група Срби ја нападна полицијата и го уби наредникот Африм Буњаку. Тогаш во размената на оган загинаа тројца напаѓачи.
Во меѓувреме, косовската полиција запленила поголемо количество оружје и тврди дека е произведено во фабрики во Србија, но и во други земји од поранешна Југославија.
Обвинителството на Босна и Херцеговина во писмената реакција до Радио Слободна Европа наведува дека „прелиминарните достапни информации укажуваат дека не се работи за оружје останато од војната во Босна и Херцеговина“.
„Досегашните расположливи податоци укажуваат дека најверојатно се работи за оружје со понов датум на производство, кое не е од БиХ, но ќе се спроведат потребните активности преку Институтот за меѓународна соработка со цел со сигурност да се утврдат сите детали “, се вели меѓу другото во одговорот.
Од Специјалното обвинителство на Косово за РСЕ потврдија дека побарале соработка од повеќе земји од регионот во врска со истрагата за нападот во Бањска.
Владата на Косово ја обвини Србија дека стои зад овој напад, што официјален Белград го демантираше.
Одговорноста за нападот во Бањска ја презеде Милан Радоичиќ, поранешниот потпретседател на Српската листа - најголемата партија на косовските Срби која ја има поддршката од Белград, тврдејќи дека никого не информирал за своите планови.
Србија води посебна истрага за нападот во Бањска. Вишото јавно обвинителство во Белград во октомври објави дека Милан Радоичиќ е обвинет за набавка на оружје, муниција и експлозивни направи со голема разорна моќ од Тузла, на североистокот на Босна и Херцеговина, од јануари 2023 година до 24 септември.
Сепак, на почетокот на ноември, Обвинителството на Босна и Херцеговина изјави за РСЕ дека не е покрената истрага во врска со овие тврдења од страна на Вишото јавно обвинителство во Белград.
„Во Обвинителството на Босна и Херцеговина не добивме никаква пријава од полициските агенции за евентуално сторено кривично дело и сторителите, не добивме никакви информации од институциите на соседните земји, така што немаше наредба за спроведување истрага“, изјави Борис Грубешиќ, портпарол на Обвинителството на Босна и Херцеговина.истрага во Косово?
Од Специјалното обвинителство на Косово за РСЕ изјавија дека спроведува интензивна истрага за нападот во Бањска на 24 септември.
Според извори на РСЕ во косовската полиција, досега се идентификувани 38 лица кои биле дел од вооружената група која ја нападнала полицијата во Бањска, но се бара апсење на 31 лице.
Претставник на полицијата за РСЕ изјави дека „доказите пронајдени на местото на настанот се истражуваат“.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Од Државното обвинителство на Северна Македонија за РСЕ изјавија дека досега не добиле никакво барање од Косово за помош во истрагата.
„Не ја исклучуваме можноста таква помош да е побарана преку Министерството за надворешни работи до Министерството за правда, но во обвинителството уште нема ништо такво. Помошта што можеме да ја понудиме е за конкретни лица доколку такво нешто е потребни“, соопштија од Обвинителството во Скопје.
РСЕ испрати истрага до институциите на Црна Гора во врска со истрагата, но одговор не беше добиен.
Западните земји остро го осудија нападот во Бањска и побараа истрага. ЕУ објави дека Косово има мандат да го истражи овој напад, а од Србија беше побарана безусловна соработка.