Израелските сили извршија рација во најголемата болница во Газа рано во средата, каде стотици пациенти, вклучително и доенчиња, биле заглавени без залихи и без електрична енергија, додека израелската војска ја прошири контролата врз градот Газа и северниот крајбрежен палестински појас.
Мухамед Закут, директорот на болниците во Газа, рече дека израелските тенкови влегле во болничкиот комплекс и војниците влегле во зградите, вклучително и одделот за итни случаи и хирургија, во кои се сместени единиците за интензивна нега.
„Окупациските сили упаднаа во зградите“ изјави тој во телефонски разговор.
Тој рече дека пациентите, вклучително и децата, биле преплашени.
"Тие врескаат. Тоа е многу страшна ситуацијата, не можеме да направиме ништо за пациентите освен да се молиме", изјави директорот на болницата.
Болницата Ал Шифа стана симбол на раширеното страдање на палестинските цивили за време на војната меѓу Израел и Хамас, која избувна откако екстремистичката група уби околу 1200 луѓе и зароби околу 240 во ненадеен напад во јужен Израел на 7 октомври.
Видете и ова: Белата куќа: Имаме докази дека Хамас ја користи болницата Ал Шифа за воени операции, Хамас демантираБолницата е исто така во центарот на спротивставените обвинувања за тоа кој е виновен за илјадниците смртни случаи и широкото уништување на опколената територија. Израел го обвинува Хамас дека ги користи Палестинците како жив штит, додека Палестинците и групите за човекови права велат дека Израел несовесно ги загрозува цивилите додека се обидува да ја искорени групата.
Израелската армија соопшти дека спроведува „прецизна и насочена операција против Хамас во одредена област во болницата Ал Шифа“.
Војниците наводно биле придружувани од медицински тимови и донеле медицински материјали и храна за бебиња, како и инкубатори и друга опрема.
Видете и ова: Семејствата на заложниците на Хамас започнаа протестен марш кон ЕрусалимИзраел тврди дека Хамас има огромен команден центар внатре и под Шифа, но не обезбеди визуелни докази, додека Хамас и болничкиот персонал постојано ги негираа наводите.
Неколку часа пред нападот, САД соопштија дека располагаат со разузнавачки информации кои сугерираат дека Хамас ги користи Шифа и другите болници и тунелите под нив за поддршка на воените операции и за држење заложници.
Хамас во средата рече дека американските наводи всушност му дале на Израел „зелено светло“ да изврши рација во болницата, додавајќи дека Израел и американскиот претседател Џо Бајден се целосно одговорни за операцијата.