Оваа година повеќе нема да се издава Еврообрвзница, соопшти денеска министерот за финансии Фатмир Бесими, истакнувајќи дека веќе две години се преговара за „поволни услови за финансирање на буџетот“.
„Тоа ќе оди преку макрофинансиска помош од Европската комисија, потоа преку Светска банка со 100 милиони евра и ОБЕ со 150 милиони евра, за закони што веќе сме ги поминале во Влада и Собрание. Тоа се 90 милиони евра од Германската развојна банка, како и други потенцијални финансирања, како од Банката на Совет на Европа за буџетска поддршка за наредната година до март, како и 170 милиони евра од Меѓународниот монтетарен фонд“, рече Бесими на прес-конференција.
Министерот објасни дека поголемиот дел од денеска одобрените кредити се со над десет години отплата и грејс-период од четири до пет години, како и каматна стапка за 4 процентни поени во просек пониска споредбено со она што сега се плаќа преку обврзниците.
Видете и ова: Весела математика со еврообврзницатаСпоред зборовите на Бесими, за вкупниот износ од 600 милиони евра, наредните пет години нема да се плаќаат воопшто рати за кредитното задолжување, а само преку каматата ќе има заштеда до 25 милиони евра годишно.
„Наместо да се плаќаат рати наредните пет години, тие средства ќе ги користиме за проекти. Тоа се програми што две години се преговарани со меѓународните финансиски институции и протграми што придонесоа за задржување на кредитиниот рејтинг во услови ка криза, со добивање поповолни услови“, рече министерот Бесими.