Соединетите Американски Држави во вторникот, 14 ноември, воведоа трета рунда санкции за палестинската милитантна група Хамас, по нивниот напад на Израел минатиот месец, а санкциите се однесуваат за лидери и фиансиски поддржувачи на групи кои САД и ЕУ ги карактеризираат како терористички организации.
Американското Министерство за финансии во соопштение наведе дека овие санкции, кои се реализираат во комуникација со Велика Британија, најмногу се однесуваат на клучните функционери на Хамас, како и на механизмите преку кои Иран дава поддршка за Хамас и Палестинскиот исламистички џихад, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
„Дејствувањето на Хамас предизвика огромни страдања и покажа дека тероризмот не се случува во изолација. Заедно со нашите партнери, одлучно се посветивме кон деградација на финансиската инфраструктура на Хамас, кон запирање на изворите на прилив на средства од надвор, како и блокирање на новите канали за финансирање на нивните грозоморни дела“, се вели во соопштението.
Видете и ова: Членките на ЕУ го осудија Хамас за користење на болниците и цивилите како „жив штит“Израел вети дека ќе го избрише Хамас од лицето на земјата, откако членовите на оваа милитантна група ја пробија граничната ограда околу Појасот Газа на 7 октомври, односно поминаа низ околните израелски градови убивајќи цивили.
Израел информираше дека на 7 октомври се убиени 1.200 луѓе, а околу 240 лица се однесени во Газа како заложници, што е најсмртоносниот ден во 75-годишната историја на оваа држава.
Видете и ова: Министерство за здравство во Газа: Повеќе од 10.000 Палестинци загинаа од почетокот на судиритеЗдравствените власти во Газа, каде Хамас ја држи власта, тврдат дека повеќе од 11.000 луѓе се потврдени мртви по израелските напади, односно дека 40 отсто од нив се деца и дека безброј повеќе жртви се наоѓаат затрупани под урнатините.
Околу две третини од целокупното население на Газа од 2,4 милиони жители останаа без покрив на глава , не можејќи да побегнат од пренаселената територија, на која се случува сериозен недостиг на храна, гориво, вода и лекови.