Маж на возраст од 34 години си ја убил 31-годишната поранешна партнерка во БиХ, во Сараево, со која порано бил во вонбрачна врска и со која имал судски спор околу старателството на нивното заедничко четиригодишно дете.
Убиството се случило на 13 ноември во стан во кој поранешната партнерка на убиецот живеела со четиригодишниот син.
По убиството, полицијата ги пронашла и мажот и детето во друг стан во кој живеел сторителот.
Полицијата на 14 ноември објави детали околу убиството, но без да ги објави идентитетите на мажот и жената.
Видете и ова: Уште една жртва на фемицид во БиХПолицијата објави и дека мажот со иницијали А.Б. веќе бил осудуван поради семејно насилство, а во тек е и постапка која се води против него поради злоупотреба на дроги. Во април годинава пак, исто така поради семејно насилство, тој бил осуден на три месеци затвор.
Слично убиство во Босна и Херцеговина се случи во август годинава, во Градачац, кога Нермин Сулејмановиќ ја уби Низама Хечимовиќ, исто така поранешна партнерка на убиецот. И тој, слично како и инцидентпт што се случи вчера, убиството го направи пред дете, а притоа злосторството го пренесуваше и во живо на една социјална мрежа.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
По ова, во БиХ следуваа протести, со барања да се воведат драстични казни и фемицидите посебно да се квалификуваат како кривично дело.