Пред изборите, нови ограничувања за медиумите во Русија

UKRAINE-CRISIS/ELECTIONS-DONETSK

Рускиот претседател Владимир Путин ги одобри измените на законот во врска со претседателските избори, со кои се ставаат нови ограничувања за медиумското известување, објавија локалните новински агенции во вторник, 14 ноември.

Промените доаѓаат пред изборите што треба да се одржат во март, каде што Путин, кој владее со Русија 24 години, се очекува да побара нов шестгодишен мандат.

Седумдесет и едногодишниот руски лидер се уште не објави дали ќе се кандидира, велејќи дека тоа ќе го објави дури откако парламентот официјално ќе го објави датумот на изборите.

Видете и ова: Кремљ смета дека руските избори треба да се одржат според планираното

Според амандманите што тој ги одобри, само новинарите со договор со регистрирани медиумски куќи ќе можат да ги следат состаноците на изборната комисија, со што потенцијално би се забранило учество на хонорарци и независни новинари.

Измените вклучуваат и забрана за следење на активностите на комисијата во воените бази или во областите каде што е на сила воената состојба, без претходна дозвола од регионалните и воените власти.

Дополнително, измените забрануваат какви било активности на кампањата со „блокирани ресурси“.

Во сè поголемата акција против опозицијата и протокот на информации, Русија забрани голем број веб-страници и услуги, вклучувајќи ги Фејсбук и Инстаграм, иако многумина сè уште користат VPN за да ја заобиколат блокадата.