Претставниците на Европската унија ги финализираат „конечните детали“ од предложениот 12-ти пакет санкции против Русија, кој ќе вклучува забрана за трговија со дијаманти, изјави во понеделникот, 13 ноември, шефот на ЕУ за надворешна политика и безбедност Џозеф Борел.
Тој рече дека Европската комисија, извршната власт на ЕУ, би можела да го одобри предложениот пакет во среда. Потоа ќе оди на дискусија и одобрување до Советот на ЕУ, кој се состои од 27 земји-членки на ЕУ.
Видете и ова: ЕУ размислува да го забрани увозот на дијаманти од РусијаОд руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, ЕУ веќе примени 11 пакети санкции против Москва за да ја намали способноста на Кремљ да ја финансира војната. Мерките опфаќаат различни сектори и околу 1.800 физички лица и субјекти.
„Овој дванаесетти пакет ќе вклучува нови забрани за извоз, меѓу нив дијаманти, акции за заострување на плафонот на цената на нафтата, за намалување на приходите што Русија ги добива од продажбата на нејзината нафта и борбата против заобиколувањето на санкциите“, изјави Борел за новинарите по состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.
Дипломатите на ЕУ за Ројтерс минатата недела изјавија дека блокот од 27 нации чека зелено светло од Г7 за да продолжи со забраната за дијаманти. Официјален претставник на ЕУ рече дека времето за предлогот на Европската комисија, за кој потоа ќе разговараат 27-те влади на ЕУ, е „почетокот на следната недела“.
Ги финализираме последните детали од овој пакет“, рече Борел.