Министерот за надворешни работи Бујар Османи потврди дека нема да присуствува на состанокот на министри на земјите од Западен Балкан во Брисел, но вели дека се очекува да се отвараат повеќе прашања вклучувајќи го и проширувањето и Планот за раст за Западен Балкан.
„Прашањето на планот за раст, кој што го обајви ЕК јасно дефинира - од сега па натаму е овозможено пристап во Унијата и пред членството. Тоа е нешто што ние сами го баравме и го промовиравме како повеќе интеграција пред членство во седум области од заедничкиот пазар и средства за помагање на реформите ќе може да се обезбедат пред самото членство. Така што мислам дека ова е добар пристап на ЕК кој што ние го промовиравме и го поддржуваме. Се разбира дека декември ќе биде историски за ЕУ, поради одлуките што треба да се донесат за Украина, за Молдавија, се разбира и за Западен Балкан. Дали ние ќе бидеме спремни за таква историска одлука, сега е во рацете, за жал, на пратениците, рече Османи.
Видете и ова: Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се сретнат со колегите од Западен Балкан во БриселТемата на Состанокот ЕУ - Западен Балкан што ќе се одржи попладнево во Брисел, а со кој ќе претседава високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедност Жосеп Борел е за да разговараат за теми од заеднички интерес, вклучително и напредок на некои земји од регионот кон членство во ЕУ по минатонеделното објавување на годишниот извештај.
Највисокиот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, кој ќе претседава со состанокот, рече дека една од главните спорни точки што треба да се решат за време на состанокот ќе биде неуспехот на кандидатите од Западен Балкан правилно да се усогласат со политиката на блокот за санкции.
Извештајот на Европската комисија покажа дека државите од Западен Балкан, како што се Албанија, Црна Гора и Северна Македонија, во голема мера соработуваат и го координираат нивната надворешна политика и режим на санкции со Брисел, со исклучок на Србија и до одреден степен, Босна.
Османи поради, како што рече, важните состаноци во рамки на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ што се одржуваат во Скопје денеска и утре, а на кои присуствуваат амбасадори на членките на ОБСЕ и генералната секретарка на Организација Хелга Шмид. На состанокот, додаде, Османи од МНР ќе присуствува заменичката министерка за надворешни работи Фатмире Исаку.