Околу пет милиони луѓе во Украина биле принудени да се отселат од своите домови во други делови на земјата поради руските напад уште од 2014 година, покажуваат официјалните податоци.
Заменичката на премиерот одговорна за прашањата за бегалците, Ирина Верешчук, за украинската национална телевизија изјави дека се регистрирани околу 4,9 милиони „ внатрешно раселени“ лица.
Околу 3,6 милиони побегнале од подрачјата зафатени со војната од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.
Пред инвазијата, години војување во регионот Донбас на исток во Украина доведоа до тоа повеќе од еден милион луѓе да ја напуштат оваа област од 2014 година па досега.
Тогаш силите под контрола на Москва заземаа делови од регионите Доњецк и Луганск.
Видете и ова: Агенцијата за бегалци на ЕУ бара долгорочна перспектива за бегалците од УкраинаВо последно време немаше значително движење на луѓе, информираше Верешчук, додавајќи дека некои од евакуираните граѓани се вратиле во своите домови во периодот од август до ноември годинава.
Тоа пак се поклопува со состојбата на терен, бидејќи фронтовите на исток и југ во земјата во главно се непроменети.
Според последните податоци на Обединетите нации, околу 6,2 милиони Украинци ја напуштиле земјата привремено или постојано.
Пред почетокот на војната во 2022 година, Украина имаше околу 41,4 милиони жители.