Нападите на Израел врз градот Газа продолжија во текот на ноќта во саботата и продолжија до неделата наутро, на 12 ноември, додека копнените сили се бореа со членовите на Хамас, група која од страна на САД и ЕУ е карактеризирана како терористичка, недалеку од најголемата болница на територијата.
Здравствените власти соопштија дека илјадници лекари, пациенти и раселени лица се заробени без струја и со намалени резерви со храна и вода.
Во Газа, жителите велат дека воздушните напади и гранатирањето траеле цела ноќ, а целта била областа околу болницата Ал-Шифа.
Израел, без да даде докази, го обвини Хамас дека крие командно место во и под зградата на болницата, шпекулации кои ги негираат и Хамас и болничкиот персонал.
Видете и ова: Болницата Ал-Шифа во Газа остана без гориво, прекинати се воените операции во комплексот„Ноќта ја поминавме во паника, чекајќи го нивното пристигнување. Тие се надвор, недалеку од портата“, рече Ахмед ал Бурш, еден од локалните жители кои се засолниле во болницата.
Последниот генератор во болницата останал без гориво во саботата, при што загина уште едно новороденче во инкубатор, како и уште четворица пациенти, соопшти Министерството за здравство на Појасот Газа, со кое управува Хамас.
„Медицинските апарати престанаа да работат. Пациентите, особено оние на интензивна нега, почнаа да умираат“, истакна во телефонска изјава директорот на болницата, Мохамед Абу Селмија, додека во позадина одекнуваа истрели и експлозии.
Тој додва дека израелските сили „пукаат во сите надвор и внатре во болницата“, како и тоа дека го спречуваат движењето меѓу зградите.
Светската здравствена организација наведува дека ја изгубила комуникацијата со болницата Ал-Шифа.
Видете и ова: Црвениот крст повика на заштита на пациенти и вработени во болницата Ал-Шифа во ГазаИзраелската војска потврди дека има судири пред болницата, но контраадмиралот Даниел Хагари, портпарол, негираше дека Ал-Шифа е под опсада. Тој рече дека војниците ќе помогнат во преместувањето на бебињата што се лекуваат таму во недела и рече дека „директно и редовно комуницираат“ со болничкиот персонал.
Министерството за здравство соопшти дека сè уште има 1.500 пациенти во Ал-Шифа, заедно со 1.500 медицински персонал и меѓу 15.000 и 20.000 луѓе на кои им е потребно засолниште.
Илјадници пак веќе избегаа од Шифа и другите болници под напад, но лекарите велат дека е невозможно сите да избегаат.