Исландските власти ја завршија евакуацијата на 3.000 жители на град во југозападниот дел на островот, поради загриженост од вулканска ерупција по серијата земјотреси и докази за ширење на магма под земја.
Исландската метеоролошка канцеларија во саботата соопшти дека постои „значителен“ ризик од ерупција на полуостровот Рејкјанес, поради големината на навлегувањето на подземната магма и брзината со која таа се движи.
„Мислам дека не е долго пред ерупција, часови или неколку денови. Шансите за ерупција значително се зголемија“, изјави за државната телевизија, Торвалдур Тордарсон, професор по вулканологија на Универзитетот во Исланд.
Видете и ова: Вонредна состојба во Исланд поради страв од вулканска ерупцијаИсландската Агенција за цивилна заштита во текот на ноќта нареди целосна евакуација на Гриндавик, блискиот рибарски град, иако нагласи дека тоа не е итна евакуација.
Регионот Рејкјанес во последниве години забележа неколку ерупции во ненаселени области, но се верува дека сегашната состојба претставува непосреден ризик за градот, рекоа властите.
Видете и ова: Почна ерупција на најголемиот активен вулкан на светот на ХаваиВо четвртокот, зголемената сеизмичка активност го поттикна затворањето на геотермалната бања „Blue Lagoon“, една од главните туристички атракции во земјата.
Рејкјанес е вулканско и сеизмичко жариште југозападно од главниот град Рејкјавик. Во март 2021 година, фонтаните од лава избувнаа спектакуларно од пукнатина во земјата долга помеѓу 500 и 750 метри, во вулканскиот систем Фаградалсфјал, во регионот.