Собир за поддршка на Палестинците во Лондон, полицијата на готовс

Собири за поддршка на Палестина во Лондон, 11 ноември, 2023 година.

На 11 ноември граѓаните се собраа во центарот на Лондон како дел од „Националниот марш за Палестина“, а во знак на солидарност со палестинскиот народ, објави Ројтерс.

Во градот постои страв од конфликт, бидејќи во Лондон истовремено се одржува и комеморативна церемонија во рамките на Денот на сеќавањето, со кој се одбележува крајот на Првата светска војна.

Лондонската Метрополитен полиција на социјалната мрежа „Х“, веќе соопшти дека се соочила со агресија од контрадемонстрантите кои биле во градот во „значителен број“, додавајќи дека нема да дозволат конфликти со учесниците во пропалестинскиот собир.

Судири на лондонската полиција со демонстрантите

„Ќе ги искористиме сите овластувања и тактики кои ни стојат на располагање за да го спречиме тоа да се случи“, соопшти полицијата.

„Националниот марш за Палестина“ е последен од серијата митинзи во британската престолнина за да се покаже поддршка за Палестинците и да се повика на прекин на огнот во Газа.

Протести за поддршка на Палестина во Лондон

Учесниците на денешниот контра-протест во кинескиот кварт фрлале предмети кон полицајците, обидувајќи се да испровоцираат нереди. Полицијата подоцна соопшти пак дека е приведена поголема група контрадемонстранти.

Речиси 2.000 полицајци се на должност, со дополнителни овластувања да ги заштитат знаменитостите во чест на британските загинати војници, имајќи предвид дека се очекуваат повеќе од 100.000 пропалестински поддржувачи.

Видете и ова: Арапско-исламски самит во Ријад со барање за прекин на огнот во Газа