Регионалниот директор на Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) за Блискиот Исток, Фабрицио Карбони, на 11 ноември, изјави дека состојбата во болницата Ал-Шифа во Газа „не може да продолжи во овој правец“.
„Информациите кои доаѓаат од болницата Ал-Шифа се вознемирувачки. Ова не може да продолжи вака. Илјадници ранети, раселени и вработени се во опасност. Тие треба да бидат заштитени според нормите за војување“, напиша Карбони на мрежата „Х“, порано позната како Твитер.
Директорот на болницата пак, претходно на 11 ноември изјави дека болничкиот комплекс нема струја, вода, интернет и материјали поради воздушни напади, а работата на комплексот болници е прекината поради недостиг на гориво.
Видете и ова: Болницата Ал-Шифа во Газа остана без гориво, прекинати се воените операции во комплексотТокму како резултат пак на воените дејствија во Газа, „Ројтерс“ пренесува дека во Саудиска Арабија ќе се одржи и вонреден Исламско-Арапски самит во Ријад, а според информации на „Ројтерс“, самитот ќе се одржи со цел да се повикаат САД да го искористат своето влијание врз Израел за тој да стави крај на огнот во Газа.