Портпаролот на Министерството за здравство на Газа на 11 ноември изјави дека операциите во најголемиот комплекс болници Ал-Шифа се прекинати откако болницата остана без гориво, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
„Покрај тоа, уште едно новороденче почина во инкубатор, каде се наоѓаат уште 45 бебиња“, изјави за „Ројтерс“, Ашраф Ал-Кидра, портпарол на Министерството за здравство во Газа.
„Ројтерс“ извести дека во текот на ноќта помеѓу 10 и 11 ноември зајакнале борбите во близина на пренатрупаните болници во градот Газа.
Видете и ова: СЗО: Повеќе од половина од болниците во Газа не работатСветската здравствена организација (СЗО) вчера предупреди дека здравствениот систем во Појасот Газа е „на колена“.
Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во обраќањето пред Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), рече дека половина од 36-те болници во Газа „повеќе не функционираат“.
„Ситуацијата на теренот е невозможно да се опише: болнички коридори полни со ранети, полни мртовечници, операции без анестезија, десетици илјади луѓе кои се засолнуваат во болниците“, рече Гебрејесус, опишувајќи ја хаотичната состојба во Газа.