Извештај на ЕК: Културното наследство на земјата не е доволно заштитено

Охридско езеро (Илустрација)

Министерството за култура треба да изработи нова национална стратегија за 2023-2027 година за развој на културата и да обезбеди соодветен буџет. Годишниот буџет за културата се намалува постојано во последните три години, а одложени се и реформите по препораките од функционалната анализа на Министерството за култура, се вели во извештајот на Европската комисија за напредокот на државава.

Со заклучок дека Северна Македонија е умерено подготвена во областа на културата, ЕК препорачува Министерството за култура и другите релевантни институции да ги зајакнат своите капацитети за креирање и управување со културни политики засновани на здрави принципи на јавната администрација.

Видете и ова: ЕК сериозно загрижена за судството и корупцијата

Се укажува и дека културното наследство на земјата не е доволно заштитено и дека се потребни дополнителни напори за зајакнување на институционалниот одговор и меѓуинституционалната соработка за негова заштита и спречување дивоградби.

Рибниот фонд во Охридското Езеро во голем дел е на удар на рибокрадци, кои на секаков начн се обидуваат да заработат благодарение на високата цена на ендемичниот вид охридска пастрмка.

Се посочува заштитата на локалитети од културното наследство кои се од особена важност, како Охридското Езеро и Старата скопска чаршија.

Видете и ова: Владата одлучи да ги спроведува препораките од УНЕСКО за Охридскиот регион

Во извештајот нотирано е и дека продолжува учеството на државава во програмата „Креативна Европа“ и задоволителен останува бројот на нејзини корисници, како и тоа дека се направени измени на националното законодавство со цел усогласување со Директивата за аудиовизуелни медиуми од 2018 година, што е предуслов за континуирано учество на земјата во оваа програма.

Во периодот на кој се однесува извештајот е подготвена националната стратегија за млади за 2023-2027 година, која допрва треба да се усвои.