Вонредна состојба во Исланд поради страв од вулканска ерупција

Ерупција на вулканот Фаградалсфјал во Исланд (Архивска фотографија)

Исланд прогласи вонредна состојба по низата земјотреси кои предизвикаа страв од вулканска ерупција. Властите им наредија на илјадници луѓе кои живеат во југозападниот град Гриндавик да се евакуираат како мерка за претпазливост, пренесе Би-би-си на 11 ноември.

Исландска метеоролошка служба соопшти дека е „загрижена поради количината на магма (стопена карпа)“, која се движи под земја и која би можела да избие на површина.

Повеќе од 20. 000 земјотреси се забележани во последните недели околу околниот вулкан Фаградалсфјал.

Видете и ова: Ерупција на вулкан на Исланд во близина на аеродромот

Агенцијата за цивилна заштита соопшти дека одлуката за евакуација е донесена откако метеоролошката служба не ја исклучило можноста „тунелот магма, кој моментално се создава, дека би можел да стигне до градот Гриндавик“.

Властите ги повикаа граѓаните да го напуштат градот, но и да останат смирени, бидејќи има доволно време за реакција. Сите патишта околу градот од 4. 000 жители се затворени за сообраќај, освен оние за итни случаи.

Исланд е еден од географски најактивните региони на светот, со околу 30 вулкани.

Вулканот Фаградалсфјал мируваше осум векови, се до ерупциите во 2021, 2022 и 2023 година.