Унгарија побара од Европската комисија да покрене правна постапка против Бугарија поради неодамна воведениот данок на рускиот природен гас што минува низ нејзина територија.
Бугарија смета дека данокот воведен во октомври, ќе ја намали привилегираната позиција на руската државна енергетска компанија Газпром во Југоисточна Европа и ќе го одврати руското влијание во регионот.
Во видео на Фејсбук, унгарскиот министер за европски прашања, Јанош Бока рече дека испратил писмо до Европската комисија во кое ја повикува да започне прекршочна постапка против Бугарија, потенцијален прв чекор што ЕУ може да го искористи за да обезбеди дека земјите-членки се придржуваат до нејзините закони.
Видете и ова: Ковачевски вели дека бугарската такса за рускиот гас ќе ја зголеми цената на струјата за 20 отстоБока рече дека Бугарија го вовела данокот без претходна консултација со Унгарија и дека тој верува дека мерката е кршење на царинските и трговските прописи на ЕУ.
„Бугарскиот енергетски данок сериозно ја загрозува енергетската безбедност на Унгарија и на целиот регион“, рече Бока, додавајќи дека Унгарија е подготвена да го покрене ова прашање пред највисокиот суд на ЕУ пред крајот на годината, доколку Комисијата не ја започне постапката во врска со прекршувањата на прописите.