И покрај напорите кои ги прави граѓанскиот сектор преку Блупринт групата во правосудството, преку следење на работата и институционална поддршка на судовите и правосудните институции, за жал, Европската комисија констатира отсуство на напредок токму во овој дел, се вели во соопштението на Блупринт групата за реформи во правосудството.
„Тоа се должи на неодговорното, непрофесионалното и неетичко однесување на функционерите што е очигледно и од драстично намалената доверба кај граѓаните и најниската можна оцена во делот на европските интеграции. Овој Извештај на ЕК, е еден од ретките каде е констатирано дека во делот на правосудството не е забележан прогрес, што од аспект на исполнување на критериумите од Поглавјата 23 и 24 претставува целосно руинирање на сите досегашни постигнувања и напредок токму во овој сегмент“, се вели во соопштението.
Видете и ова: Колективна оставка и јавен избор на нови членови на Судски совет, бараат невладинитеОд Блупринт групата потсетуваат дека подолго време апелираат за значајни состојби во правосудството и законодавните процеси на кои им треба, како што велат, итно внимание и мерки за надминување на предизвиците.
Од таму велат дека интервенциите кои ги имале во 2023 година, се нотирани како суштинска реакција на појавите и постапувањата на Судскиот совет на Северна Македонија, кој во Извештајот за напредок на Европската комисија е детектиран како „генератор на загриженост за независноста за судството“.
„Во извештајот е потенцирано дека Судски Совет на РСМ треба да се стреми кон интегритет и независност на судии, како и да се спротивстави на секакво надворешно влијание, додека контраверзното разрешување на претседателката на Судски Совет на РСМ ја зголеми загриженоста за несоодветни политички влијанија, како и почитување на законски пропишани процедури и начела. Во оваа насока и изборните процеси од Советот на јавни обвинители се оценети како такви кои немаат придонес кон градење јавна доверба во транспарентноста и владеење на правото, бидејќи не се воспоставија критериуми за квалификација, како и посочување дека се уште е присутна потреба од образложување на одлуките“, пишува во соопштението.
Видете и ова: Блупринт групата се повлекува од изработка на новиот Кривичен законикБлупринт групата се осврнува и на извештајот на ЕК во делот на злоупотребата на европското знаменце при носење на законите.
„Во извештајот се потврдува нашиот став дека со користење на „европското знаменце“ се воведоа намалени казни за кривични дела на корупција, без разлика што овие измени не се однесуваа за усогласување на националното со европското законодавство. Конкретните измени на Кривичниот законик се оценети како загрижувачки, бидејќи влијаат на кривичните постапки, го ограничуваат обемот на истрагите, и ја попречуваат способноста на властите ефективно да ги гонат случаите на висока корупција. Од друга страна, во делот за борба против корупција, присутна е и генералната оценка дека нема напредок, а корупцијата останува сериозно загрижувачко прашање“, се вели во реакцијата на групата граѓански организации.
Видете и ова: ЕК сериозно загрижена за судството и корупцијатаПолитичката ситуацијата во Северна Македонија остана поларизирана што влијаеше врз правилно функционирање на демократските институции. Нема напредок во судството и борбата против корупцијата. Во голем мера влијание имале и измените на Кривичниот законик, што беа изгласани во брза собраниска процедура.
Ова се само дел од прашањата за кои Европската комисијата (ЕК) изразува сериозна загриженост во извештајот за напредокот на земјава во 2023 година.