Лидерите на Катар и Египет се состанаа на 10 ноември во Каиро за да разговараат за посредување во деескалацијата на насилството во Појасот Газа, обезбедување хуманитарна помош и ослободување на израелските заложници.
На средбата меѓу египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси и катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани ќе се разговара за начините за смирување на ситуацијата во Газа и за обезбедување хуманитарна помош за 2,3 милиони жители на опколената енклава, се вели во соопштението од канцеларијата на претседателот на Египет.
Видете и ова: Израел тврди дека Хамас ја загубил контролата над северениот дел на ГазаПосетата на катарскиот емир дојде еден ден откако катарскиот премиер се сретна со шефовите на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) и израелската разузнавачка агенција Мосад во Доха, за да разговараат за елементите на договорот за ослободување на заложниците и запирање на борбите меѓу Израел и Хамас.
Катар посредува меѓу палестинската екстремистичка група и израелските власти за ослободување на повеќе од 240 заложници земени од групата на 7 октомври, во напад во кој Израел вели дека загинале 1.400 луѓе.
Оттогаш, Израел започна немилосрдно бомбардирање и копнена инвазија на Газа под контрола на Хамас, при што загинаа повеќе од десет илјади луѓе, според палестинските власти.
Египет, исто така, има контакти со Хамас и Израел и е вклучен во преговорите, вклучително и обезбедување помош преку граничниот премин Рафах со Газа и евакуација на странски носители на пасоши и Палестинци на кои им е потребна итна медицинска помош.
Евакуацијата низ Рафах продолжи во четвртокот, по одредена пауза, бидејќи Црвениот крст соопшти дека еден од нивните конвои кои ги придружувале евакуираните бил погоден во Газа.
Видете и ова: Хуманитарните организации повикуваат на прекин на огнот во ГазаОбединетите нации соопштија дека 65 камиони со хуманитарна помош влегле во Газа од Египет во четвртокот, што е многу под бројката потребна за справување со продлабочената хуманитарна криза.
Соединетите Држави во четвртокот соопштија дека Израел се согласил на дневни четиричасовни паузи во северниот дел на Газа и обезбедување на коридор за движење на цивилите кон југ, иако нема знаци за прекин на борбите.