Рокот помина, 26 фирми се уште не платите солидарен данок

Архивска фотографија.

Солидарен данок не платиле уште 26 компании и покрај дадениот рок, брифираат од Управата за јавни приходи (УЈП).

Ваква обврска, според закон, имаа вкупно 156 компании, меѓу кои и едно јавно претпријатие. Државата од солидарен данок досега собрала 37,4 милиони евра, а компаниите неплаќачи и должат уште 16,1 милиони евра.

Иако им истече рокот во кои компаниите требаше да го платат солидарниот данок, сепак УЈП уште еднаш ќе ги опомени, а ако не го сторат тоа на 24 ноември ќе им ги блокира сметките.

Речиси половина од фирмите што не платиле солидарен данок се од Скопје.

Најголем должник е средно голема компанија од Скопје која тргува со струја. Таа должи 4,7 милиони евра. Меѓу должниците се и обложувалници и коцкарници, градежни компании, фирми кои тргуваат со дрва, со градежни материјали и санитарија и од трговија на големо со хемиски производи.

Видете и ова: УЈП ќе ги блокира сметките на компаниите кои нема да платат солидарен данок

Немањето пари била најчестата причина зошто се уште не ја исполните обврската да платат солидарен данок.

Најголем износ за солидарен данок платила компанија за леење челик.

Собранието во септември во усвои Законот за солидарен данок, кој е еднократна и вонредна јавна давачка. Солидарен данок треба да платат компаниите кои лани оствариле приход поголем од 10 милиони евра, а данок треба да платат само на екстра приходот.