Министерството за правда донело решение за формирање на Работна група за изготвување на Закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет. Таквата одлука Министерството ја темели на Извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Северна Македонија, во кој се изразува сериозна загриженост за работата на Судскиот совет.
Во Извештајот објавен на 8 ноември, во делот за Судски совет е посочено оти тој треба да се залага за заштита на интегритетот и независноста на судиите и институциите и треба да се спротивстави на секое надворешно влијание.
Загриженост, според ЕК, за несоодветно политички влијание предизвика и контроверзното разрешување на претседателката на Судскиот совет.
Тим на Европската Унија (ЕУ) на крајот на септември ја заврши оценската мисија во Судскиот совет, но сè уште не се објавени препораките. Мисијата дојде по низата скандали и превирања во Судските совет, откако за пет месеци беа сменет две претседателки на Советот. И двете обвинија дека причина за нивната смена е политички интерес.
Видете и ова: ЕК сериозно загрижена за судството и корупцијатаВо работната група, формирана од Министерството за правда, ќе членуваат претставници од правосудството, академската заедница и невладиниот сектор, а со неа ќе претседава академик Владо Камбовски.
Министерот за правда Кренар Лога пред два дена во ТВ интервју рече дека е во „отворена војна“ со Судскиот совет, на што од Советот му одговорија дека немаат намера да војуваат со него.
Министерот за правда по функција е дел од Судскиот совет, но до Советот реагираа дека министерот не може да излегува