Системот за брз автобуски превоз во Скопје доби зелено светло од меѓународните партнери, со што започнува неговата реализација, информираа од Град Скопје.
Проектот за брз автобуски превоз или „автобуско метро“ во главниот град го најави претходниот градоначалник Петре Шилегов, но по стапувањето на новата градоначалничка Данела Арсовска на функција пред две години, проектот беше запрен.
„Од аспект на решението кое што беше презентирано во јавноста како нешто револуционерно, не само што не е револуционерно, туку е и на штета на граѓаните на градот Скопје. Пред се затоа што за тој БРТ превоз, нема одлука од Советот на Град Скопје,“ напиша Арсовска пред две години на својот Фејсбук профил.
Сега во соопштението на Град Скопје се наведува дека „по две години отстранување на пречките на проектот предизвикани од претходното градско раководство, градот Скопје конечно ќе добие нов транспортен систем“.
Градската администрација, се наведува во соопштението, посветено работела за да се надминат сериозните пречки кои биле откриени во основниот проект.
„Градот Скопје и покрај сите блокади продолжува со заложбите кои ќе им овозможат на граѓаните модерен и навремен јавен градски превоз“, стои во соопштението од Град Скопје.
На соопштението, реагираше претходниот градоначалник Шилегов, употребувајќи фраза што ја користел негов професор – „На будалите од после им текнува“.
Видете и ова: Арсовска градоначалник „За модерно Скопје“ или „Скопје што потона“„После 2 години однесување како вошка во перика, заради очигледната некомпетентност, немање визија и основно познавање, новото градско раководство се враќа онаму каде што требаше да продолжи пред 2 години“, пишува Шилегов на својот Фејсбук профил.
Тој вели дека новите еколошки автобуси и ревидираниот систем значително ќе го намалат сообраќајниот хаос во главниот град и ќе овозможат јавниот превоз да се одвива непречено, а доцнењето да биде минато. Па затоа е важно сè што е во интерес на граѓаните да се реализира, а тие да добијат градски превоз како што доликува на главниот град, додава поранешниот градоначалник.
Проектот за еколошки јавен превоз „Бас Рапид Транзит“ е вреден 70 милиони евра и се спроведува со поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Видете и ова: Секоја нова власт со свој проект, долгорочни стратегии немаАрсовска го победи Шилегов на локалните избори во октомври 2021, со околу 28 илјади разлика. Едно од главните ветувања и беше бесплатен јавен превоз во главниот град. Но на средина од мандатот такво нешто се уште нема, а повеќе од една година скопјани се жалат дека градски автобуси нема, ако дојдат доцнат многу и се преполни.
Видете и ова: Синдикат на ЈСП: Ако денеска нема плата, утре нема да има автобусиВработените во Јавното сообраќајно претпријатие штрајкуваа, протестираа и приватните превозници кои се дел од јавниот превоз во градот, па градоначалничката им ги раскина договорите, за по неколку месеци пак да склучи договори со нив.
Скопје има само автобуски јавен превоз, нема метро и трамвај, како што имаат други престолнини.