Обвинителство гони човек кој се заканувал на Амбасадата на Косово во Скопје

Јавно Обвинителство Скопје

Јавното обвинителство поведе постапка против човек кој се заканувал дека ќе ја нападне Амбасадата на Косово во Скопје и вработените во неа. Обвинителство го сомничи човекот дека сторил кривично дело – Загрозување на сигурноста.

Обвинителството соопшти дека човекот кој е осомничен, на 6 ноември, упатил сериозна закана преку мобилен телефон на службениот телефон во дипломатското претставништво, дека ако не го примаат на итна средба ќе ја нападне и Амбасадата и вработените.

„Притоа предизвикувајќи чувство на несигурност, загрозеност и страв“, се наведува во соопштението на Обвинителство.

Видете и ова: Србија и Косово ќе останат без средства од „Планот за раст“ доколку не постигнат напредок во дијалогот

Јавен обвинител побарал од Судот на осомничениот да му се забрани да го напушта своето живеалиште, да му се одземе пасошот и да му се забрани да ја посетува Амбасадата на Косово и приближување и контактирање со амбасадорот и другите вработените во Амбасадата.