Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари изјави дека палестинската милитантна група Хамас ја изгубила контролата над северниот дел на Појасот Газа, додавајќи дека 50 илјади луѓе избегале на југот на таа област.
„Видовме 50 илјади жители на Газа како се движат од северниот дел на Појасот Газа кон југ. Тие си заминуваат затоа што сфатија дека Хамас ја загуби контролата врз северот,“ рече Хагари на брифингот со медиумите.
Видете и ова: Хуманитарните организации повикуваат на прекин на огнот во ГазаТој додаде дека Израел дозволува хуманитарни паузи во одредени периоди за да им овозможи на жителите да се преселат на југ.
Хагари заклучи дека израелските сили „продолжуваат да го продлабочуваат нападот“ врз градот Газа и нанеле значителна штета на воздушните и поморските сили на Хамас.