Сојузот на тринаесет големи хуманитарни групи, вклучително и Лекари без граници (МСФ), Амнести Интернешнл и Оксфам, ги повика светските лидери да инсистираат на прекин на огнот во Газа, по едномесечната војна меѓу Израел и Хамас.
Организациите „го повикуваат францускиот претседател Емануел Макрон и шефовите на држави, да направат се што е во нивна моќ за да постигнат итен прекин на огнот“, се вели во соопштението, еден ден пред да се одржи хуманитарна конференција за Појасот Газа во Париз.
Другите приоритети треба да вклучуваат „конкретни мерки за ослободување цивилни заложници и заштита на сите цивили, гаранција за влез на хуманитарна помош во Газа и почитување на меѓународното хуманитарно право“, велат групите.
Видете и ова: Холандија ќе испрати воен брод на Кипар за да ѝ помогне на ГазаЗаедно со Лекари без граници, Амнести и Оксфам, потписници исто така се и Акција против гладта, Норвешкиот совет за бегалци (НРЦ) и Меѓународната федерација за човекови права.
„Добиваме се повеќе и повеќе очајни повици за заштита и помош од нашите хуманитарни работници во затворениот Појас Газа“, рече шефот на НРЦ, Јан Егеланд во изјавата.
„Неприфатливо е сè уште да нема хуманитарен прекин на огнот, да нема хуманитарен коридор и да нема крај на задушувачката опсада“ на енклавата, додаде тој.