Холандија ќе испрати воен брод на Кипар за да ѝ помогне на Газа

Израелски војници држат позиција среде тековната копнена операција на израелската армија против палестинската исламистичка група Хамас, во Појасот Газа. 8 ноември 2023 година.

Холандија испраќа воен брод на Кипар, во источниот Медитеран, за да се користи во операции за хуманитарна помош за Појасот Газа.

„Поморскиот брод може потенцијално да се користи и за евакуација“, рече министерот за одбрана Кајса Олонгрен на 8 ноември.

Кипар се обидува да воспостави коридор за поморска помош што може да донесе постојан проток на хуманитарна помош во Појасот Газа кој е зафатен од војна.

Олонгрен ја нарече „многу важна“ иницијатива и отпатува за Кипар за да разговара за напорите.

Видете и ова: Конвој на Црвениот крст се нашол под оган додека доставувал медицински материјал во Газа

Поморскиот брод треба да исплови кон средината на ноември и да пристигне на Кипар десет дена подоцна. Една холандска поморска единица веќе е стационирана на Кипар, вклучувајќи и два транспортни авиони.

Според Олонгрен, авионот би можел да се користи за испорака на медицински материјали во Појасот Газа.

Израел започна воена операција врз Газа, по нападите на Хамас на 7 октомври, во кои беа убиени 1.400 луѓе, а повеќе од 200 беа земени како заложници.

Над 10.560 луѓе се убиени во Газа, меѓу кои повеќе од 4.100 деца, според Министерството за здравство на Хамас.