Политичките партии кои се во Собранието имаат можност до нова година да најдат консензус по однос на двата термина за двата изборни процеси, парламентарните и претседателските, изјави претседателот на Собранието Талат Џафери.
Џафери рече дека доколку политичките партии не постигнат консензус за датумите за изборите, тој ќе постапи според неговите надлежности и ќе распише избори, велејќи дека е должен да го обезбеди времето што го пропишуваат Уставот и законите за да се организираат изборите, но и дека има законска обврска за формирање техничка влада три месеци пред изборите.
„Во крајна инстанца, моја уставна и законска надлежност и обврска е да водам сметка за термините за спроведување избори коишто би биле во рамки на уставните и законските рокови. Партиите имаат можност да се усогласат и да кажат кога ќе бидат подготвени да учествуваат, а моја обврска е да спроведам“, рече Џафери.
Ако се оди според роковите, во март 2024 година треба да започнат изборите за претседател на државата, а до средината на јули следната година треба да се избере нов парламентарен состав.
За тоа кога треба да се одржат изборите, опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека треба да се случат во еден термин споено, а власта се залага изборите да бидат разделено.
Видете и ова: Избори во едно, или едно по едноЏафери рече дека двата изборни процеси се разликуваат и по уставните и законски рокови, редовноста и спроведување на постапката. За парламетарните избори тој напомена дека тие треба да се спроведат во рамките на последните 90 дена од мандатот на актуелниот состав.
„Доколку имаат согласност во ред, доколку не, настапуваат моите обврски овластувања. Затоа што јас не можам да се раководам по партиските одлуки, дали ќе остварат консензус или не. Јас имам обврска во рамки на законски рокови да распишам избори, рече Џафери кој со министерот за образование Јетон Шаќири присуствуваше на настан во Форино.
Видете и ова: Николоски - Ако се оди на одвоени избори, претседателските може да не успеатЏафери рече дека роковите за распишување е минимум 70, до максимум 90 дена, а во однос на парламентарните избори како резултат „Пржинскиот договор“ и Законот за влада треба да има техничка влада на 100 дена пред изборите, без разлика дали се предвремени или редовни.