Новата словачка влада на 8 ноември го отфрли претходно подготвениот план за донирање ракети и муниција на Украина, како што претходно премиерот Роберт Фицо вети дека ќе ја прекине воената помош за Киев за борбата против руската инвазија.
Пакетот за помош вклучуваше 140 ракети од системот за противвоздушна одбрана KUB, повеќе од 5.000 куршуми за топови од 125 милиметри и четири милиони парчиња муниција за малокалибарско оружје, според договорот што претходно го склучи привремената на земјата, пред да ја предаде власта минатиот месец. Владата на Фицо го отфрли тој пакет на владина седница.
Повеќето од лидерите на Европската унија (ЕУ), кои се состанаа на самитот во Брисел на 27 октомври, поддржаа давање поголема финансиска поддршка за Украина во борбата против руската инвазија.
Видете и ова: ЕК предложи отворање преговори за Украина и Молдавија, Грузија доби препорака за кандидатски статусЕвропската комисија на 20 јуни предложи ревизија на Повеќегодишната финансиска рамка, седумгодишниот буџет на ЕУ, и побара дополнителни 66 милијарди евра до крајот на 2027 година, кои главно ќе бидат наменети за Украина, управувањето со миграцијата и зајакнувањето на отпорноста и конкурентноста на европската економија.
Комисијата предложи формирање наменски „инструмент за Украина“ во износ до 50 милијарди евра за периодот од 2024 до 2027 година во форма на грантови и заеми, од кои 33 милијарди поволни заеми и 17 милијарди евра за неповратни грантови.
И претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен истакнаа дека помагањето на Украина останува приоритет.
Новиот словачки премиер Роберт Фицо истакна дека сака гаранции дека нема да бидат проневерени парите од ЕУ, објави неговиот кабинет на 27 октомври.