Нема да коментирам ставови и одлуки на судовите бидејќи тоа е мешање на извршната во судската власт, изјави заменик-министерката за правда, Викторија Аврамовска - Мадиќ во врска со изјавата на претседателката на Врховен суд, Беса Адеми за притисоци врз судиите и постапувањето на Судскиот совет.
Мадиќ одговарајќи на новинарско прашање дали актуелниот судски совет има кредибилитет воопшто да истражува политички притисоци, последно кај претседателката на Врховен суд, рече дека сите органи што се избрани од страна на Собранието, вклучувајќи го и Судски совет, во дејствувањето имаат свој легитимитет, интегритет и можат да делуваат.
„Ние гледаме дека во изминатите месеци Судскиот совет делува, носи одлуки едногласно, се придвижуваат процесите,“ изјави Мадиќ пред почетокот на средбата на работната група за спроведување реформи во изборното законодавство која денеска се одржува во Клуб на пратеници.
Видете и ова: Претседателката на Врховен нема да оди во Судскиот советИнаку претседателката на Врховен суд, Беса Адеми, вчера не се појави на средбата во Судски совет, која беше иницирана по нејзиното интервју во медиумите во кое таа изјави дека имала притисоци.
Претседателот на Судски совет, Сашко Георгиев пак во понеделник изјави дека Советот функционира и работи за да ги штити судиите и од тие причини и мотиви, како што кажа, нивна должност била и да побараат средба со претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми.