Бројот на загинати Палестинци во тековната војна со Израел достигна 10.022 лица, вклучувајќи 4.104 деца и 2.641 жени, соопшти денеска (6 ноември) Министерството за здравство во Газа, управувано од Хамас.
Портпаролот на Министерството за здравство кажа дека бројот на повредени Палестинци од 7 октомври досега се искачи на 25.408 лица.
Министерството не прави разлика меѓу борци и цивили.
Видете и ова: УНРВА потврди дека е погодено училиште во Газа, има и жртви
Тој посочи дека болницата „Ал Рантиси“ двапати била цел на израелски воздушни напади, како и Центарот за рак и Специјализираниот детски центар. Според него, во израелските воздушни напади уништени се и соларните панели и резервоарите за вода во болницата „Ал Рантиси“.
Портпаролот на министерството за здравство на Газа рече дека Израел извршил 18 напади во изминатите часови, при што загинаа 252 лица.
Од 7 октомври досега загинаа 192 припадници на медицински персонал, а уништени се 32 амбулантни возила, додека 16 болници сега се надвор од функција, според Министерството за здравство на Газа.
Израелската армија го отсече северниот дел на Газа од остатокот од опколената територија и го нападна со воздушни напади, подготвувајќи се уште покрвава фаза од едномесечната војна.
Војната брзо стана најсмртоносното израелско-палестинско насилство од формирањето на Израел пред 75 години, без знаци за крај, бидејќи Израел вети дека ќе го отстрани Хамас од власт и ќе ги уништи неговите воени способности.
Видете и ова: Со нападот врз Израел, Хамас се обидува да ја „преуреди“ безбедноста на Блискиот ИстокВојниците се очекува да влезат во градот Газа наскоро, објавија израелските медиуми, а палестинските милитанти кои имаа години да се подготвуваат, најверојатно ќе се борат улица по улица, фрлајќи заседи од огромна мрежа тунели.
„Ние се приближуваме кон нив. Го завршивме опкружувањето, одвојувајќи ги упориштата на Хамас на северот од југот на Газа“, рече потполковник Ричард Хехт, портпарол на израелската војска. Војската соопшти дека погодила 450 цели во текот на ноќта и дека копнените трупи зазеле комплекс на Хамас.