Кина го презеде претседавањето со СБ на ОН и порача: Императив е да прекине огнот на Блискиот исток

илустрација

Кина, која го презеде претседавањето со Советот за безбедност на ОН, ќе направи се што може за да го врати мирот на палестинските територии, објави Министерство за надворешни работи додека тензиите на Блискиот Исток ескалираат.

„Кина ќе направи се за да го повика Советот за безбедност да ги исполни своите одговорности, да ја одигра својата улога, да изгради консензус и да преземе одговорни и значајни активности што е можно поскоро за да се ублажи актуелната криза, да се гарантира безбедноста на цивилите и да се врати мирот, изјави портпаролот на Министерството, Ванг Венбин на редовната прес-конференција.

Видете и ова: Израел тврди дека градот Газа е опколен, а Појасот поделен на два дела

Изјавата на Кина доаѓа откако Израел ја засилува својата воена офанзива против палестинската исламистичка група Хамас. Кина минатата недела го презеде ротирачкото претседателство со Советот за безбедност на ОН.

„Конфликтот на Блискиот Исток е на врвот на агендата на Советот за безбедност во ноември. Императив е да се промовира прекин на огнот и да се запрат борбите, да се спречат дополнителни цивилни жртви, да се спречи хуманитарна катастрофа од поголеми размери и да се спречи ширењето на конфликтот, пренесуваат државните медиуми“, изјави Џанг Јун, постојан претставник на Кина во ОН.

Јун, кој се сретна со лидерите на неколку земји во врска со кризата, ја припиша причината за кризата меѓу Израел и Газа на недостатокот на гаранции за правата на Палестинците.