Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на 4 ноември пристигна во Киев за да разговара за проширувањето на Европската унија (ЕУ) со украинскиот претседател Володимер Зеленски, објави таа на платформата „X“, поранешен Твитер.
„Тука сум да разговарам за пристапниот пат на Украина во ЕУ“, напиша таа, објавувајќи слика со Зеленски.
Таа додаде дека ќе разговараат и за „финансиската поддршка на ЕУ за обнова на Украина како модерна, просперитетна демократија“.
Ќе разговорите и за тоа „како ќе продолжиме да ја натераме Русија да плати за својата агресорска војна“, претседателката на Европската комисија.
Киев аплицираше за членство во ЕУ само неколку дена по руската инвазија на 24 февруари 2022 година и доби кандидатски статус неколку месеци подоцна како силен сигнал за поддршка од Брисел.
Видете и ова: Украина е оптимист дека годинава ќе ги започне преговорите со ЕУУкраинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави за новинарите во четвртокот дека Киев е на пат да ги исполни своите обврски за отворање на преговорите за членство во ЕУ.
Фон дер Лајен во септември призна дека Киев направил „големи чекори“ во својата кандидатура за членство во ЕУ.
Ова е шеста посета на фон дер Лајен на Украина од почетокот на војната.