Врнежливо и посвежо време

Сообраќај на дожд во центарот на Скопје.

Времето денеска ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Врнежите повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи, локално во форма на невреме со силен ветер. Максималната температура ќе достигне од 13 до 19 степени.

Во Скопје облачно со врнежи од дожд, повремено поројни. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Температура ќе достигне до 16 степени.

Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, а потоа до средината на следната седмица ќе настапи стабилизирање на времето.

Видете и ова: Можно воведување комунална полиција за да се спречи фрлањето отпадоци

Поради врнежите, кои може да бидат интензивни, од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) предупредуваат на можно излевања на реки, што би предизвикало локални проблеми како покрај водотекот така и на патната инфраструктура која е во негова близина. На одредени места можна е и појава на свлечишта и одрони.