Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека Соединетите Држави силно го поддржуваат Израел.
„Израел има право и обврска да се брани и да обезбеди никогаш повеќе да не се повторат настаните од 7 октомври“, рече Блинкен на 3 ноември по средбата со израелскиот претседател Исак Херцог, во Тел Авив.
Шефот на американската дипломатија во исто време рече дека „важно е како Израел го прави тоа“ и дека е важно да се направи се за да се заштитат цивилите „фатени во вкрстен оган создаден од Хамас“.
Блинкен нагласи дека помошта мора да стигне до граѓаните на Појасот Газа на кои очајно им е потребна.
Израелскиот претседател рече дека пред нападот неговите вооружени сили ги предупредиле жителите на Газа испраќајќи шест милиони СМС пораки, четири милиони повици и дистрибуирајќи 1,2 милиони памфлети.
Видете и ова: Блинкен пристигна во Тел АвивХерцог рече дека Израел се придржува до меѓународното право, вклучително и со предупредување на цивилите однапред за нападот на бегалскиот камп Џабалија, во кој загинаа десетици луѓе во северниот дел на Газа, вклучително и командант на Хамас.
Неговите коментари уследија откако генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш рече дека во Газа е извршено „јасно кршење на меѓународното право“.
Израелскиот претседател рече дека пред нападот неговите вооружени сили ги предупредиле жителите на Газа испраќајќи шест милиони СМС пораки, четири милиони повици и дистрибуирајќи 1,2 милиони памфлети.
Херцог рече дека Израел се придржува до меѓународното право, вклучително и со предупредување на цивилите однапред за нападот на бегалскиот камп Џабалија, во кој загинаа десетици луѓе во северниот дел на Газа, вклучително и командант на Хамас.
Неговите коментари уследија откако генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш рече дека во Газа е извршено „јасно кршење на меѓународното право“.
За време на посетата на Израел, Блинкен се сретна и со премиерот Бенјамин Нетанјаху.