Битиќи: Треба да се сменат 7 закони за намалување на платите на функционерите

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи

Не може со еден закон да се адресираат сите 1 260 функционери, потребни се седум законски измени, рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, прашан дали ставката за платите на функционерите е опфатена со буџетот.

„Измената во еден закон значи дерогирање на одредени права од друг закон што е противуставно. Работната група го разгледува тоа и набргу ќе има предлог за пред Владата, а потоа да биде проследен и до Собранието“, изјави вицепремиерот.

Видете и ова: Хаос со платите, функционери со над 2 илјади, наставници со 200 евра плата

Битиќи вели дека со буџетот сега се планираат одредени скратувања на обврските за зголемување на платите.

„Тоа што беше најавено помпезно дека ќе има зголемување, нема да се случи. Беше најавено дека заради методологијата сите функционери ќе добијат повисоки плати, но тоа нема да се случи в година и го нема“, рече Битиќи.

Меѓудругото, тој најави скратување во други области во коишто има непродуктивни трошоци.

Претходно платите на функционерите пораснаа за 78 отсто.