Прекина судењето за изградбата на кинеските автопати познато под кодно име „Траекторија“.
Обвинителката Лиле Стефанова, на денешното судење го повлече обвинението против Никола Груевски, Владимир Пешевски, Миле Јанакиески и Љупчо Ѓорѓиевски кои одговараа за злоупотреба на службената положба.
Во одлуката за повлекување на обвинението, Стефанова рече дека тоа го прави заради донесените измени во Кривичниот законик со кои се намалуваат казните, па според тоа застареле и кривичните дела кои им се ставаа на товар на обвинетите.
Видете и ова: Афера прислушување – обвинетите на слобода, државата ќе обесштетува?Судењето за овој предмет почна во 2018та година и никогаш не доби првостепена пресуда.
Ова е уште еден случај во низата истраги на СЈО во кој застанува гонењето на високопрофилиран криминал по измените на Кривичниот законик со кој се воведоа скратени рокови за злоупотреби на службената положба како и намалување на затворските казни. Претходно застареа и предметите „Таргет-Тврдина“ кој се однесува на масовното прислушување во државата и „Титаник2“ за изборни нерегуларности сторени на локалните избори во 2013 година.