Блинкен пристигна во Тел Авив

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен пристигнува во Тел Авив

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен во петок (3 ноември)пристигна во Израел на средби со премиерот Бенјамин Нетанјаху и други високи израелски претставници, јавуваат светските медиуми.

Блинкен слета во Тел Авив придружуван од новоименуваниот американски амбасадор во Израел, Џек Лу, наведе Си-ен-ен.

Ова е негова трета посета на Израел по нападот на Хамас на 7 октомври.

Видете и ова: Блинкен на турнеја на Блискиот исток и во Јапонија

Пред да замине од Вашингтон, Блинкен вчера кажа дека планира да разговара со израелската Влада за, како што рече, „актуелната кампања против терористичката организација Хамас“ и „чекорите што треба да се преземат за заштита на цивилите“.

Исто како и при претходните посети, тој има намера да разговара за заложниците кои ги држи Хамас, за спречување на ширењето на конфликтот, за натамошната испорака на хуманитарна помош, но и за „за создавање услови за траен, одржлив мир и безбедност за Израелците и Палестинците.