Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба на 2 ноември изјави дека Киев е уверен во отворањето на преговорите за членство во ЕУ оваа година, пофалувајќи ги реформите што Украина ги спроведла дури и покрај руската инвазија.
Говорејќи во Берлин, Кулеба им рече на новинарите дека Украина е на пат да ги исполни своите обврски за отворање на пристапните преговори.
„Ние сме оптимисти. Направивме многу реформи и донесовме закони кои треба да се исполнат, да се имплементираат препораките“, рече тој.
Видете и ова: ЕУ лидерите со поддршка за Украина сѐ додека е потребноУкраина поднесе барање за членство во ЕУ само неколку дена по руската инвазија во февруари 2022 година и доби статус на кандидат неколку месеци подоцна.