Предлогот на Владата по скратена постапка да се донесе законот за амнестија не доби поддршка од Собранието кое денеска одлучуваше за потребата од негово носење во тек на утврдување на дневниот ред на 129 седница.
„Против“ гласаа 66 пратеници, „за“ 17, а тројца „воздржани“.
„Казната е нешто што се извршило, а амнестијата е нешто што ќе овозможи социјализација и ќе се овозможи социјален ефект. Основа цел е аларматната состојба во затворите, а препораки и констатации се дадени од многу релевантни институции“, рече во образложението министерот за правда Кренар Лога, кој е предлагач на законот.
Видете и ова: Пропадна обидот за амнестија по скратена постапкаПред почетокот на седницата Лога им подели на пратениците фотографии од состојбата во затворите.
Претходно, опозициската ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе го блокира носењето на законот со доставување голем број амандмани, а амандмани најави и СДСМ со цел да изземат од амнестирање осудените од предметот „Монструм“.